Со денешните натпревари ќе започне новата сезона во Саудиска Арабија каде што првенството титулата ќе ја брани Ал Хилал.
Но, сезоната не се исчекува со внимание како што беше случај во претходната, а причината е слабиот преоден рок кој го одработија саудиските клубови. Овој преоден рок не може ниту да се спореди со минатиот кога беа доведени играчи како: Нејмар, Бензема, Фабињо, Канте, Милинковиќ-Савиќ, Ријад Марез, Фирмино, тука беше и Роналдо кој потпиша за Ал Наср неколку месеци претходно…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Муса Дијаби од Астон Вила кој го облече дресот на Ал Итихад за 60 милиони евра беше најголемиот трансфер и тоа јасно покажува дека овој преоден рок е далеку по квалитет од претходниот. Ал Итихад беше и најактивниот клуб, а од европскиот фудбал ги доведе уште Усем Ауар од Рома и српскиот голман Предраг Рајковиќ.
Шампионот Ал Хилал за изненадување не доведе никого, но и во таква ситуација се прошетаа до трофејот во Суперкупот со победа над Ал Наср од 4:1. Треба да се потсети и дека се без Нејмар кој се опоравува од повредата.
Очигледно на Саудијците не им оди така лесно како што очекуваа и покрај милионите кои ги имаат на располагање.