Дома Фудбал Италија Сасуоло во последна минута го откажа Јувентус од Скудетото🎥

Сасуоло во последна минута го откажа Јувентус од Скудетото🎥

Јувентус доживеа уште еден непријатен пораз, овој пат од Сасуоло на домашен терен 1:2.

Сега „бјанконерите“ заостануваат цели 13 бода зад лидерот Милан, па иако е рано, сепак овој пораз дополнителни ги оддалечи од трката за Скудетото.

Јувентус започна добро, Мората промаши добра шанса, Дибала ја погоди стативата, а потоа стигна казна во последните минути од првото полувреме кога Сасуоло поведе со голот на Фратези.

Во вториот дел Јувентус тргна офанзивно и дојде до израмнување во 76-та минута со голот на Мекени. Сауоло дојде до трите бода буквално во последната минута кога преку еден контра напад погоди Лопез.

Аталанта победи на гостувањето кај Сампдорија со 1:3, а Удинезе и Верона одиграа реми (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Давиде Никола нов тренер на Венеција

Венеција го назначи Давиде Никола за нов тренер, надевајќи се дека ќе ги извлече од кризат…