Дома Фудбал Италија Сари спреми специјален режим за Де Лихт: Лекции, диета…

Сари спреми специјален режим за Де Лихт: Лекции, диета…

Матијас де Лихт ова лето пристигна како најголемо засилување во Јувентус, но се снаоѓа најдобро на почетокот во новата средина.

20-годишниот Холанѓанец на почетокот беше оставен на клупата за резерви, а после повредата на Киелини премина во првиот тим, но не се снаоѓа баш најдобро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лошите игри го натераа тренерот на „бјанконерите“ Маурицио Сари да направи посебен режим кој треба добро да влијае на дефанзивецот.

Така Сари им нареди на клупските нутриционисти Де Лихт да добива посебни оброци со помала количина јаглехидрати и да јаде што повеќе животински и растителни протеини.

Мислењето е дека таквата диета ќе му донесе поголема цврстина во дуелите, како и агресивност, и токму со ваков режим Сари од Кулибали направи еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Исто така со младиот Холанѓанец секојдневно се работи и на тактички план. Де Лихт секој ден оди на дефанзивни лекции кај соработниците на Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…