Tренерот на Јувентус, Маурицио Сари денес зборуваше за плановите на Јувентус за новата сезона од која навивачите имаат големи очекувања.
Сари ја превзема клупата на „старата дама“ откако на крајот од минатата сезона беше одлучено Масимилијано Алегри да си замине. Пред Сари сигурно е голем притисок бидејќи од Јувентус во наредната сезона се очекува конечно да ја освои Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус беше активен во досегашниот дел од преодниот рок, а последен кој дојде е холандскиот стопер Матијас Де Лихт.
Со Јувентус се поврзува и Пол Погба и Сари потврди дека Французинот му се доапаѓа како фудбалер.
„Навистина ми се допаѓа Погба како фудбалер, но тој е играч на Манчестер Јунајтед. Не сум спортски директор и не знам каква е ситуацијата“, изјави Сари.