Дома Фудбал Англија Сари жестоко го обвини Баерн: Тоа е непрофесионално, покажаа непочитување!

Сари жестоко го обвини Баерн: Тоа е непрофесионално, покажаа непочитување!

Маурицио Сари на денешната прес-конференција јавно го обвини Баерн Минхен за непрофесионализам кога во прашање е „нападот“ на Баерн на крилниот играч на Челзи, Калум Хадсон-Одои.

Младиот 18 годишен Хадсон-Одои се уште не добил вистинскап рилика во Челзи, а во последно време многу се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен кој сака да го подмлади тимот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На прес-конференцијата пред натпреварот со Њукасл, тренерот на Челзи, Маурицио Сари зборуваше за Хадсон-Одои и истакна дека сака да го задржи во тимот.

„Мислам дека тоа не е професионално. Тие зборуваат за играч кој под договор со Челзи, мислам дека така покажуваат непочитување кон нашиот клуб. Многу сум задоволен од Калум како играч, добро напредува. Мора да поработи да движењето без топка. Би сакал да го имам на располагање и во иднина“, истакна Сари.

Според последните информации на трансфер пазарот, Баерн неодамна ја испратил четвртата понуда за Одои која изнесувала 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи има потреба од 60 милиони за да ги регистрира новите засилувања

Челзи има потреба од 60 милиони фунти од продажби, за да може да ги регистрира новите заси…