Дома Фудбал Англија Сари доби понуда која не се одбива, голем буџет и засилувања по желба

Сари доби понуда која не се одбива, голем буџет и засилувања по желба

Денеска низ медиумите во Англија и Италија се пренесе информацијата дека агентот на Сари е во Лондон, а наводно за неговите услуги се заинтересирани Челси, Арсенал и Тотенхем, па се претпоставува дека преговара со еден од овои тимови за можна соработка.

Сари веројатно ќе го напушти Наполи, поради лошите односи со претседателот на клубот. Неговата клазула во договорот е осум милиони евра, што за овие клубови не претставува проблем.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, како што пренесува италијански “Premium Sport HD“, десната рака на Сари, Алесандро Пелегри, се наоѓа во Лондон на преговори со управата на Челси.

Роман Абрамовиќ ќе ја прекине соработката со Антонио Конте, а на негово место сака да го донесе италијанецот од клупата на Наполи и спремен е да му ги исполни сите желби.

Имено, на Наполи ќе му биде платена клазулата од осум милиони евра за неговите услуги, а тренерот ќе добие двегодишен договор тежок пет милиони евра по сезона.

Од Челси се подготвени да платат 150 милиони евра за две засилувања, исто така од Наполи, милениците на Сари, Кулибали и Хисаја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

АС: Перез го повика Анчелоти на итен состанок

Фудбалерите на Реал Мадрид беа поразени во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на…