Дома Фудбал Италија „Сан Сиро“ заминува во историја: Милан и Интер заедно ќе градат нов стадион!

„Сан Сиро“ заминува во историја: Милан и Интер заедно ќе градат нов стадион!

Двата италијански гиганти Милан и Интер сериозно ја разгледуваат идејата заедно да изгарадат нов стадион во Милано.

Двата милански гиганти ќе ги обединат силите не само за реконструкцијата на „Сан Сиро“, туку и за изградба на нов, модерен стадион.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ова денес го потврди претседателот на Милан, Паоло Скарони и истакна дека двата клуба веќе постигнале начелен договор.

„Јас ги претставувам сопствениците на Милан, компанијата Елиот која е спремна да инвестира многу во клубот. Новиот стадион е од клучно значење, во напредни преговори сме со Интер и најверојатно заедно ќе изградиме нов стадион“, изјави Скарони.

„Оваа сезона не играме на најдобро ниво, но сме на четвртото место и тоа е најважно. Сакаме да се вратиме во Лигата на шампиони и мораме да го задржиме четвртото место“, додаде претседателот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…