Дома Трансфер зона Санчо се сели во Саудиска Арабија

Санчо се сели во Саудиска Арабија

Играчот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо најверојатно ќе биде следната ѕвезда која кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јунајтед сака по секоја цена да се ослободи од Санчо и му порача да си бара нов клуб.

Борусија Дортмунд и Јувентус се заинтересирани за Санчо, но не се спремни да му ја даваат актуелната плата која ја добива во Јунајтед и го сакаат само на позајмица.

Поради тоа најверојатна дестинација за Англичанецот е трансфер во Саудиска Арабија, каде го сакаат неколку клубови и се спремни да му понудат богатство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…