Примарна цел на Манчестер Јунајтед ова лети повторно ќе биде Џејдон Санчо, а „црвените ѓаволи“ спремаат понуда од 80 милиони фунти.
Јунајтед минатата година за Санчо понуди 100 милиони евра со вклучени бонуси, но оваа година цената на фудбалерот падна.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Санчо има комплетен договор со „црвените ѓаволи“ и инсистира да се пресели на „Олд Трафорд“.
Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд ќе започнат следните денови и се очекува трансферот да биде договорен за 80 милиони фунти.