Дома Фудбал Англија Санчез заработил 20.000 фунти на отказот на Мурињо: Ти кажав, потребно беше трпение!

Санчез заработил 20.000 фунти на отказот на Мурињо: Ти кажав, потребно беше трпение!

Алексис Санчез заработи 20.000 фунти обложувајќи се дека Жозе Мурињо ќе добие отказ, открива „Сан“.

Британците стигнаа до информации дека чилеанскиот напаѓач кој пред една година пристигна во Манчестер Јунајтед се обложил со Маркус Рохо дека Португалецот ќе добие отказ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мурињо доби отказ во вторникот после поразот од Ливерпул во дербито, а Рохо така изгубил 20.000 фунти.

„Ти кажав! Се што требаше беше трпение. Рохо, ми должил 20.000 фунти“, напишал Санчез во групниот разговор „WhatsApp“.

Претходно британските медиуми објавија дека управата на клубот разговарала со играчите на Манчестер Јунајтед и дека само Немања Матиќ и Ромелу Лукаку гласале Жозе да остане на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…