Алексис Санчез, во интервју за англиските медиуми истакна дека го избрал Манчестер Јунајтед за да ги освои сите титули.
Санчез беше на чекор до Манчестер Сити, но тој на крајот го избра Манчестер Јунајтед, а сега објасни и зошто.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Уште од млади денови мислев дека Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб во Англија. Ова не го зборувам затоа што сум овде, искрен сум и никогаш не лажам. Тоа е мое мислење. Постојат многу големи клубови, играв за Арсенал, и тој е еден од нив. Тоа е навистина голем клуб и имав чест да бидам таму. Но доаѓајќи овде, гледајќи го грбот, помислив дека Јунајтед мора да освои се, бидејќи ова е навистина огромен клуб“, вели Санчез.
„Дојдов да победувам. Го напуштив Арсенал поради желба за напредок, бидејќи сакам да напредувам и учам како играч, но и да доживеам нов клуб. Манчестер Јунајтед е огромен клуб на глобалната сцена и дојдов овде за да ги освојам сите титули. Инаку нема причина да бидам овде“, заклучи Санчез.
Одличниот 29-годишен напаѓач својата слава ја стекна во Барселона, за потоа да се одлучи кариерата да ја продолжи во Арсенал.