Aлексис Санчез денес и официјално стана нов фудбалер на Интер и тоа секако се добри вести за Солскјер и Манчестер Јунајтед.
Тој во Манчестер Јунајтед пристигна во 2018 година како големо засилување и затоа доби огромен договор и плата од 20 милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После 45 настапи за овој клуб и пет постигнати голови стана јасно дека Јунајтед со неговото доведување направи голема грешка.
Неверојатно звучи податокот колку Алексис заработувал при секој контакт со топката како играч на Манчестер Јунајтед. Експертите пресметаа дека секој допир со топката во дресот на Јунајтед Санчез го наплатил неверојатни 32.000 евра.
За да премине во Интер Санчез мораше да прифати значително намалување на платата и таму ќе заработува скоро три пати помалку, поточно околу седум милиони евра.