Дома Фудбал Останато Санчез го нема никаде, а кога ќе се врати во Јунајтед го чека голем бонус

Санчез го нема никаде, а кога ќе се врати во Јунајтед го чека голем бонус

Интер нема да ја искористи опцијата да го откупи договорот на Алексис Санчез и следната сезона тој би требало да заигра за Манчестер Јунајтед.

Чилеанецот има огромна плата. Неговите примања се 375.000 фунти неделно, а со бонусите може да стигне и до 500.000. Сега кога е во Интер по половина неговата плата ја делат „нероаѕурите“ и Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Санчез не се снајде и во Италија и никој не очекува да го откупат неговиот договор, посебно не после кризата која ќе ја направи пандемијата со коронавирусот.

Она што е интересно е и покрај тоа што Санчез не покажа ништо во Јунајтед и Интер кога ќе се врати на „Олд Трафорд“ го чека бонус за лојалност и тоа во износ од 1.1 милион фунти.

„Сите добро знаат каква плати и бонуси иима Санчез, тој не се снајде во Италија, меѓутоа тие му плаќаат половина плата. Нашите информации се дека Интер нема ниту да го откупи, ниту да плаќа нова позајмица“, изјавил извор од Јунајтед за „Сан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…