Дома Фудбал Италија Сантон не мисли како Тоти: Јувентус освои седум титули, мораме да ги запреме

Сантон не мисли како Тоти: Јувентус освои седум титули, мораме да ги запреме

santon

Фудбалерот на Рома, Давиде Сантон смета дека е крајно време да му застанат на патот на Јувентус одбраната на титулата во Серија А.

Јувентус Скудетото во Италија го освојува веќе седум години во низа, а Рома оваа сезона се смета за еден од кандидатите кој може да ја загрози позицијата на „старата дама“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на „волчицата“ не се сложува со изјавата на легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти кој неодамна изјави дека Рома во овој момент не може да се споредува со Јувентус и дека би требало да се бори за второто место.

„Јувентус освои седум титули во низа, мораме да ги запреме.Не знам дали ќе успееме, но сигурно нема да се откажаме предвреме. Сепак, ќе биде тешко бидејќи купија одлични засилувања“, изјави Сантон.

Ќе потсетиме Сантон оваа сезона се пресели од Интер во Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …