Интер претрпе неочекуван пораз на гостувањето кај Сампдорија и не успеа да се искачи на првото место на табелета. Рома сигурна, Удинезе до бод.
Интер во 12-та минута доби пенал, но Санчез не беше прецизен од белата точка. Само неколку минути подоцна стигна казната. Беше досуден пенал за Сампдорија, а сигурен реализатор беше Кандрева.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во 38-та минута уште еден поранешен играч на Интер, Кеита Балде го совлада Хандановиќ за предност од 2:0. Резултат со кој се замина на полувреме.
Во второто полувреме Конте во игра го стави Лукаку и тргна на се или ништо, но „нероаѕурите“ не успеаа да дојдаѕ ниту до бод. Де Врај од корнер постигна гол за 2:1, но тоа беше се што направи Интер.
Рома запиша сигурна победа на гостувањето кај Кротоне (1:3), додека Лацио стигна до важна победа против Фиорентина (2:1).
Удинезе во финишот стигна до бод на гостувањето кај Болоња (2:2), Сасуоло беше сигурен против Џенова (2:1). Торино одигра реми против Верона (1:1).