Дома Фудбал Репрезентации Сампаоли ОДЛУЧИ: Аргентина без голгетерот на Јуве во клучните натпревари!

Сампаоли ОДЛУЧИ: Аргентина без голгетерот на Јуве во клучните натпревари!

Селекцијата на Аргентина не се наоѓа баш во најдобра ситуација во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, „Гаучосите“ мораат да слават на преостанатите два натпревари против Перу и Еквадор.

Избраниците на Сампаоли на 6 октомври ги очекува натпревар против Пери, а само пет дена подоцна ќе го одиграат и последниот квалификациски натпревар против селекцијата на Еквадор.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


За овие натпревари Сампаоли одлучи да го изостави голгетерот на Јувентус, Гонзало Игуаин, а на негово место повик доби Папу Гомез од Аталанта, а ќе дебитира и фудбалерот на Зенит кој во четвртокот играше против Вардар, „Филип Втори“.

Покрај дебитантот Гомез, повик добија и стандардните Меси, Агуеро, Дибала и Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид прв клуб кој продал над 3 милиони дресови за 12 месеци

Како што се ближи крајот на годината, фудбалските клубови ширум светот оценуваат не само с…