Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сампаоли не ни помислува на оставка – бара 20 милиони евра

Сампаоли не ни помислува на оставка – бара 20 милиони евра

Репрезентацијата на Аргентина се врати дома после уште една срамна претстава на Светско првенство, а на удар на критиките се најде селекторот Хорхе Сампаоли.

Хорхе Сампаоли е најомразената личност во Аргентина, сите бараат негова смена, но тој нема намера да отстапи од селекторското столче и има добри причини да не си поднесе оставка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сампаоли готово сигурно во наредните денови ќе добие отказ од селекторската функција, иако од Фудбалскиот сојуз сакаат да се договорат сам да си поднесе оставка со одредена отштета.

Сепак, тој функцијата би ја напуштил само доколку комплетно биде исплатен за пет годишниот договор што го потпиша минатата година.

Според најавите, ако АФА му го раскине договорот и го избрка Сампаоли ќе треба да му исплати 20 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…