Репрезентаијата на Аргентина, на чија клупа дебитираше Хорхе Сампаоли, го совлада Бразил во пријателскиот натпревар кој беше одигран во Мелбурн со 1:0.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Габриел Меркадо во 45. минута од натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во возбудливот натпревар пред речиси 96,000 гледачи во Мелбурн, Бразилците беа подобриот тим, имаа многу сериозни прилики, но на крајот голот на Меркадо го одлучи победникот.
Аргентина настапи со речиси најсилниот состав, додека Бразил беше ослабен поради неиграњето на Нејмар, кој доби слободен ден од селекторот Тите.