Дома Македонски спорт Само Тер Штеген е пред него во Ла Лига: Столе брани во фантастична форма!

Само Тер Штеген е пред него во Ла Лига: Столе брани во фантастична форма!

Столе Димитриевски брани во одлична форма во дресот на Рајо Ваљекано кој бележи фантастични резултати во Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот игра одлично од почетокот на сезоната и поради тоа неочекувано засега е во борба за топ четири и место во Лигата на шампионите. По вчерашниот триумф од 2:0 против Алмерија Рајо е на петтата позиција со само два бода помалку од Атлетико кој е позиција погоре.

Еден од најзаслужните за ваквите резултати е и македонскиот голман. Димитриевски на 19 одиграни натпревари сезонава успеал на осум да има „чиста мрежа“ и во оваа статистичка категорија подобар од него во Ла Лига е само еден голман.

Пред Столе е само Марк Андре Тер Штеген кој на голот на Барселона прими гол на 15 од 20 натрпревари. Секако ова е учинок за пофалба на Димитриевски затоа што зад себе успеа да остави голмани како Тибо Куртоа, Јан Облак, Унаи Симон…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Светот беше згрозен од начинот на кој беше пречекана химната на Иран во Калифорнија (Видео)

Пред почетокот на натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло на Светското првенство…