Столе Димитриевски брани во одлична форма во дресот на Рајо Ваљекано кој бележи фантастични резултати во Ла Лига.
Клубот игра одлично од почетокот на сезоната и поради тоа неочекувано засега е во борба за топ четири и место во Лигата на шампионите. По вчерашниот триумф од 2:0 против Алмерија Рајо е на петтата позиција со само два бода помалку од Атлетико кој е позиција погоре.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од најзаслужните за ваквите резултати е и македонскиот голман. Димитриевски на 19 одиграни натпревари сезонава успеал на осум да има „чиста мрежа“ и во оваа статистичка категорија подобар од него во Ла Лига е само еден голман.
Пред Столе е само Марк Андре Тер Штеген кој на голот на Барселона прими гол на 15 од 20 натрпревари. Секако ова е учинок за пофалба на Димитриевски затоа што зад себе успеа да остави голмани како Тибо Куртоа, Јан Облак, Унаи Симон…
🧤 @Dimitrievski1 en su quinta temporada en Vallecas.
— Raúl González (@RaulGlezP_) February 7, 2023
⚡️ En 19 partidos disputados con el Rayo Vallecano en este curso 2022-2023, Stole Dimitrievski ha dejado su portería a cero en ocho ocasiones.
▶️ Es decir, un 42% del total de los partidos disputados en LaLiga Santander. pic.twitter.com/vUG7wr0AYA