Дома Фудбал Италија Само неколку часа го делат Габигол од збогување со Интер

Само неколку часа го делат Габигол од збогување со Интер

Бразилецот Габриел Барбоса, познат како Габигол е на прагот да потпише договор со Спортинг.

Барбоса по пристигнувањето во Интер важеше за голема надеж на европскиот фудбал, но не остави скоро никаква трага во Италија, па раководството на тимот од „Меаца“ одлучи брзо да се ослободи од него.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако пред само една година пристигна од Сантос за 29,5 милиони евра, веќе сега се наоѓа на прагот на Спортинг Лисабон. Одредени медиуми објавија дека преговорите помеѓу Интер и Спортинг течат, и дека се би можело да биде готово за само неколку часа.

Нема официјални финансиски детали, но веројатно голем дел од неговата плата во Спортинг ќе ја исплаќа Интер, чиј член и ќе остане. По поминатата сезона во Португлија постои можност да се врати во Италија.

Габигол инаку изминатата сезона настапи во девет натпревари за „Нероаѕурите“ и постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед прави неочекуван потег: На „Олд Трафорд“ пристигнува напаѓач кој е без клуб

Многу напаѓачи во последно време беа поврзувани со премин во Манчестер Јунајтед, но изглед…