Дома Фудбал Останато Само еден новинар во изборот за „Златната топка“ не гласал за Меси или Халанд

Само еден новинар во изборот за „Златната топка“ не гласал за Меси или Халанд

Лионел Меси во понеделникот ја освои својата осма „Златна топка“, а денес беа објавени и резултатите од гласањето.

Меси на првото место завршил со 462 бодови, 105 повеќе од вторпласираниот Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе беше на третото место со 270 бодови.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Интересно е што во гласањето на новинарите од најдобрите 92 рангирани држави во светот според ФИФА, само еден новинар не гласал за Меси или Халанд. Гласањето се одвива така што секој новинар доделува поени на пет фудбалери, на првиот шест, вториот четири, третиот, три, четвртиот два и петиот еден.

Камерунскиот претставник, Емануел Густаво Самник не додели поени ниту на Меси, ниту на Халанд и за него најдобри се: Мбапе на првото место, Де Брујн на второто, Родри го рангираше како трет, Онана четврти и Бернардо Силва петти.

Меси како најдобар бил избран од 65 новинари кои гласале, додека Халанд кај 21 бил на првото место, Мбапе најдобар бил за петмина, додека Бернардо Силва бил избран за најдобар од својот сонародник од Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…