Дома Фудбал Останато Салах спасил бездомник: Во моите очи тој ќе биде херој за цел живот! ?

Салах спасил бездомник: Во моите очи тој ќе биде херој за цел живот! ?

Moхамед Салах можеби е голема светска ѕвезда, но никогаш не ја „изгуби“ главата и остана да биде она најважното – човек!

Кон крајот на септември Ливерпул го победи Арсенал на „Енфилд“, а Салах на враќањето кон својот дом застанал на една бензинска пумпа. Таму забележал како хулигани малтретираат еден бездомник. Во таа ситуација реагирал најчовечки, веднаш ги избркал хулиганите, а бездомникот по име Дејвид Крег го почастил со 100 фунти.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Мо беше неверојатен, баш каков што е на теренот за Ливерпул. Слушна што ми зборуваат се сврте кон нив и им кажа дека не секој може да му се случи да има таква судбина“, изјави Крег за „Сан“.

Целата ситуација ја снимиле камерите на бензинската пумпа.

„Единствено што знам е дека не халуцинирав кога Мо дојде до мене и ми даде 100 фунти. Каква комплетна легенда. Во моите очи тој ќе остане херој за цел живот!“, порача Крег.

Крег е бездомник веќе шест години, откако се разделил со семејството. Ноќите и деновите тој ги поминува во близина на култниот „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легенда на Милан во пресрет на едно од најголемите градски дербија го пофали Модриќ како никој досега

Во недела ќе се игра еден од најголемите дербија на светскиот фудбал – Дерби дела Мадонина…