Дома Фудбал Англија Салах со големи пофалби за 18-годишникот: Тој е наш најдобар играч во овој момент!

Салах со големи пофалби за 18-годишникот: Тој е наш најдобар играч во овој момент!

Фудбалерот на Ливерпул со српско потекло, Стефан Бајчетиќ продолжува да игра одлично во дресот на „црвените“ иако има само 18 години.

Бајчетиќ беше одличен и во вчерашната победа против најголемиот ривал, Евертон, иако тренерот Јирген Клоп му ја промени позицијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се истакна и многу сум задоволен од неговата игра. Тој одличен фудбалер, многу интелигентен и смирен. Го ставив на нова позиција. Беше стопер, потоа последен играч за врска, а сега играше во средината како „осмица“. Го прашав дали му се допадна улогата ми кажа „да““, изјави Клоп.

Посебно големи пофалби Бајќетиќ доби од Салах.

„Стефан е одлична личност и голем фудбалер. На секој натпревар максимално се труди. Откако почна да игра за нас, тој е најдобриот играч во екипата“, изјави Салах по натпреварот.

Бајчетиќ иако има потекло од Србија, сепак одлучи да игра за земјата на неговата мајка, Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…