Дома Фудбал Салах: Случајот со Рамос е минато, но имам специјална мотивација против Реал

Салах: Случајот со Рамос е минато, но имам специјална мотивација против Реал

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах во интервју за „Марка“ проговори за дуелот со Серхио Рамос од финалето во ЛШ во 2018 година.

Салах мораше порано да го напушти теренот, откако Рамос несмасно стартуваше над него и му го повреди рамото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Дали имам специјален мотив за одмазда? Да кажеме дека имам специјален мотив да победам во овој двомеч и да се пласирам во полуфиналето од ЛШ. Тоа што се случи е минато“, истакна Салах.

„После тоа финале со Ливерпул ја освоив Премиер лигата и Лигата на шампиони. Јас не мислам на минатото и на Серхио Рамос“, додаде Египќанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…