Капитенот на египетската фудбалска репрезентација, Мохамед Салах доби критики затоа не застана во одбрана на Палестина.
Египетскиот фудбалер и член на Ливерпул, Мохамед Салах повика на крај на ситуацијата во Газа додавајќи дека хуманитарна помош во опколената палестинска област мора да има.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Првиот коментар на 31-годишниот фудбалер на оваа тема следуваше откако во Газа беше разнесена болница и загинаа повеќе од 500 луѓе, во овој момент вкупно животот го загубија над 3.000 луѓе, додека уште 12.000 биле повредени.
„Не е лесно да се зборува во вакви моменти. Имаше премногу насилство, премногу случувања кои ја заледуваат крвта и премногу бруталност“, зборува Салах во видеото кое го објави на социјалните мрежи.
Но, Салах доби и одреден број критики затоа што претходно не застана во одбрана на Палестинците. Некои критичари дури и започнуваа кампањи за луѓето да престанат да го следат на социјалните мрежи.