Мохамед Салах е фудбалерот кој најмногу го изненади фудбалскиот свет оваа сезона.
Египќанецот минатото лето пристигна од Рома во Ливерпул и многумина се сомневаа во одлуката на „црвените“ да го доведат, но набрзо се покажа дека Клоп подобро засилување и не можел да најде.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Салах игра чудесно оваа сезона, постигна 31 гол во Премиер лигата и ја освои наградата за играч на сезоната, токму тој е еден од најзаслужните што Ливерпул на 26 мај ќе игра во финалето од Лигата на шампионие во Киев.
Веднаш се појавија гласини дека Салах би можел да го напушти „Енфилд“ ова лето и да се пресели во Реал Мадрид, се споменуваа астрономски суми, а сега се огласи и самиот фудбалер.
„Многу сум среќен тука и се е во ред. Имам амбиции за во иднина и тие се поврзани за Ливерпул. Имавме одлична сезона и сега не чека финалето во Лигата на шампионите и поради тоа сите сме возбудени. Ова е само почеток, овде сум само една година“.
„Сакаме да играме во Лигата на шампионите и наредната сезона и да славиме во финалето оваа година. Среќен сум поради наградите, имав навистина добра сезона, но сето ова не би било возможно без моите соиграчи“, изјави Салах.