Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах изјави дека му посакувал да игра против Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите и желбата на крајот му беше исполнета.




„Кога кажав дека би сакал да играм против Реал Мадрид во финалето, некои луѓе тоа го протолкуваа погрешно, мислеа дека го потценувам Реал. Зборувам за најсилниот тим во историјата на Лигата на шампионите и тоа го велам поради она што се случуваше претходно. Натпреварот ќе биде тежок, но нашиот тим веќе победи во големи натпревари против силни тимови и знаеме како треба да играме. Многу сум возбуден поради финалето и се надевам дека ќе успееме да победиме“, изјави Салах.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
На „црвените“ им претстојат два исклучително важни натпревари, последното коло од Премиер лигата во кое играат против Вулверхемптон, а потоа и финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.




„Сакам Сити да загуби или реми за да можеме да ја освоиме титулата. Разговараме меѓу себе во тимот и сите сме возбудени. Оваа ситуација се случи пред две години и станаа шампиони. Сите сме оптимисти. Мора да победиме и да видиме што ќе се случи“, изјави Салах.




Ќе потсетиме, финалето во Лигата на шампионјите е закажано за на 28. мај.