Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Салах брзо се огласи по најавите дека ја напуштил репрезентацијата

Салах брзо се огласи по најавите дека ја напуштил репрезентацијата

Не требаше долго да се чека за Мохамед Салах да се огласи откако светските медиуми објавија дека ја напуштил репрезентацијата на Египет.

Фараоните не поминаа онака како очекуваа на СП, а после неуспехот разочаран беше и Салах, кој наводно после натпреварот одлучил да ја напушти репрезентацијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се пишуваше дека Салах не бил задоволен од атмосферата која владеела во тимот и затоа одлучил да не настапи против Саудиска Арабија, но сето тоа брзо го демантираше фудбалерот на Ливерпул.

„Сите во репрезентацијата на Египет сме заедно и апсолутно нема конфликти меѓу нас.“ – напиша Салах на својот Твитер профил.

Да потсетиме, Египет после поразите од Уругвај и Русија остана без шанси да се пласира во осминафиналето на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вучиќ дојде на натпреварот на Црвена звезда и доживеа брутално понижување (Видео)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по долго време се појави на стадионот Рајко Мити…