Од кошаркарскиот клуб Гостивар ни испратија соопштение во кое што се жалат поради судењето на натпреварот против Блокотехна кој го загуби со 70-80. Сооштението ви го пренесуваме во целост.,
САКА ЛИ НЕКОЈ ДА И НАШТЕТИ НА КОШАРКАТА ВО ГОСТИВАР?
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
КК Гостивар превенствено сака да им се заблагодари на сите љубители на кошарката, на спортските работници и целата спортска јавност во Гостивар, што достоинствено и спортски ги издржаа денешните случувања.
Наместо отворањето на Супер лигата во Гостивар да биде празник на кошарката, службените лица се ставија во главна улога на натпреварот. Катастрофалното судење на денешниот натпревар придонесе да се уништи и единствениот елитен спортски настан на гостиварци. Неправилно донесените одлуки беа толку очигледни што доведоа до бурни реакции од страна на екипата и публиката која не можеше да го скрие своето незадоволство.
Јавно би сакале да го повикаме раководството на Македонската кошаркарска федерација, судиската организација и Комисијата за натпреварување при МКФ уште еднаш сериозно да ја изанализира арбитражата на овој натпревар и да не дозволи натпреварите од Супер лигата и целата натпреварувачка сезона врз себе да носат бреме на неправилности, поради поединци кои на крајот ќе фрлат сенка врз титулата – шампион на Македонија.
Во спротивно, КК Гостивар ќа ја преиспита својата улога во првенство обвиено со неправилности и непрофесионално судење. Во наредните денови по итно закажаниот состанок на раководството на клубот, КК Гостивар ќе излезе со соопштение дали воопшто го продолжува своето учество во Супер лигата.
Во досегашниот дел од првенството ги пречекавме сите клубови од лигата, не е забележан ниту еден инцидент. Забележано е само преполна сала, фантастична атмосфера и квалитетна кошарка. Но очигледно некој сака да го фрли во сенка сето тоa.
По вечерашниот бурен натпревар се прашуваме и вреди ли воопшто да се вложува во кошарката, вреди ли воопшто да се повикува публиката во спортските арени, вреди ли воопшто младите да се насочуваат кон спортот? Свесни сме за настаната ситуација и ригорозните казни, но никогаш нема да дозволиме некој да се поигрува со нашата традиција, публика и град“. КК Гостивар