Дома Фудбал Репрезентации САД играше против Хондурас на -17 и победи – гостите премрзнуваа!

САД играше против Хондурас на -17 и победи – гостите премрзнуваа!

Репрезентацијата на САД славеше против Хондурас со 3:0, но начин кој предизвика многу контроверзии во јавноста. Овој натпревар се играше на -17 степени, а Хондурас е селекција која доаѓа од топлите краишта.

Додека се играл натпреварот дувал силен ветер, па било и постудено. Колку репрезентативците на Хондурас имале проблем покажува тоа што двајца фудбалери на гостите, голманот и уште еден играч морале да бидат заменети на полувреме затоа што покажувале знаци на хипотермија (премрзнатост).

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Фудбалерите и судиите имале дозвола да носат заштитни капи и дополнителна опрема под дресовите, но тоа не помонало. Селекторот на Хондурас, Дарио Гомес по мечот изрази револт затоа што се дозволило мечот воопшто да се игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Се знае каде ќе игра Душан Влаховиќ од следната сезона?

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по нешто повеќе од четири години во клубот. Нема дог…