Дома Фудбал Останато Савичевиќ: Знам како им е на руските спортисти, тоа го почувствував на своја кожа во Југославија

Савичевиќ: Знам како им е на руските спортисти, тоа го почувствував на своја кожа во Југославија

Славниот црногорски фудбалер Дејан Савичевиќ имаше интервју за италијанската „Ла Република“ и испрати порака дека руските спортисти не треба да бидат жртви на одлуките кои ги носи претседателот.

Савичевиќ истакна дека добро знае како им е на руските спортисти затоа што поминал низ истото во 1992 година Југославија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Спортистите не се виновни за ништо. Тоа најдобро го знам затоа што во 1992 година на СФР Југославија не и беше дозволено да игра на Европското првенство. Не го баранам Путин, само кажувам дека знам како е да те исклучат поради политичко решение, нешто за кое ти немаш ниту влијание, ниту моќ. Играњето фудбалски натпревар е порака на мир, руските фудбалери немаат врска со одлуката на Путин како што ние немавме врска во Југославија пред 30 години“, изјави Савичевиќ.

Савичвеиќ пропушти три големи турнири.

„На мене ми беше одземена можноста да играм на три големи натпреварувања, Европските првенства во 1992 и 1996, како и Светското првенство во 1994 година“, порача Савичевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона ги почна подготовките, а на нив се појави фудбалер кој сите го заборавија (Видео)

Барселона денес официјално ги започна подготовките за новата сезона, а на медицинските пре…