Марсел Сабицер минатото лето пристигна како големо засилување во Баерн, но може да замине после само една година.




28-годишниот австриски репрезентативец беше голема желба на Јулијан Нагелсман, но не ги оправда очекувањата во Баерн.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Иако во Лајпциг беше еден од најдобрите играчи, сепак во Баерн разочара и воопшто не е во конкуренција за првиот тим. „Билд“ пренесува дека Баерн е спремен да го продаде за истата сума за која го доведе, односно 15 милиони евра.




Најсилен интерес за него покажуваат Рома и Милан, па големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.