Дома Трансфер зона Руски репрезентативец го засили Торино

Руски репрезентативец го засили Торино

Репрезентативецот на Русија, Алексеј Миранчук е нов играч на Торино.

Миранчук пристигнува од Аталанта на позајмица со право на откуп на договорот за 12 милиони евра. Со ова „биковите“ го комплетираа трансферот на кој работеа подолго време.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во минатото Миранчук беше дел од младинските категории на Спартак и Локомотив, дебито во професионалниот фудбал го имаше во Локомотив Москва во 2013 година. Аталанта го доведе во 2020 година за 15 милиони евра.

За репрезентацијата на Русија зад себе Миранчук има 41 настап и шест постигнати гола. Покрај Миранчук Торино го обезбеди и потписот на хрватскиот напаѓач Никола Влашиќ кој пристигна од Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …