Дома Офсајд Руската новинарка Надолскаја го обвини Марадона за сексуална злоупотреба

Руската новинарка Надолскаја го обвини Марадона за сексуална злоупотреба

Диего Армандо Марадона беше во центарот на вниманието во Русија, каде беше почесен гостин на Купот на конфедерации. Аргентинецот заедно со уште една фудбалска легенда, Бразилецот Роналдо, му го додели пехарот за најдобар играч на Германецот Јулијан Дракслер.

Но, според зборовите на новинарката Екатерина Надолскаја, тоа не било сè што правел Марадина во Русија. Надолскаја го обвини Аргентинецот за сексуална злоупотреба.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Новинарката синоќа објави слики на кои заедно со своја пријателка седат насмеани покрај Марадона, но очигледно дружбата не завршила најдобро за неа.

„Влегов во собата на Марадона за да направам интервју со него, но тој веднаш започна да ме допира и ми ја турна раката под фустанот. Не можев да поверувам дека тоа ми се случува. Кога виде дека не попуштам, се обиде да ме ‘смири’ со 500 евра, а откако и тоа не му успеа се обиде да ме исфрли од собата. Сепак, успеав да го повикам обезбедувањето и безбедно да ја напуштам собата“, сведочи Надолскаја.

Адвокатот на Марадона на прашањето да ги коментира обвинувањата за сексуална злоупотреба само кусо рекол дека против неговиот клиент не е покренато никакво обвинение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…