Дома Останати Тенис Украинка направи хаос поради Русинка: На крајот во финалето „влета“ маж и го освои турнирот!

Украинка направи хаос поради Русинка: На крајот во финалето „влета“ маж и го освои турнирот!

Украинската тенисерка Марта Костјук (21) повторно направи скандал.

Костјук одби да игра финале на егзибициониот турнир во Франција кога виде против кого треба да се соочи. Нејзината противничка требаше да биде Русинката Мира Андреева. Организаторите на турнирот очекувано беа бесни затоа што Марта и претходно знаела дека може да дојде до ваква ситуација. На крајот против Андреева играл маж.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Поради работи кои немаат врска со нас и геополитичката ситуација во Украина, Марта нема да игра против Мира. Направивме се да ја активираме нашата мрежа на професионални тенисерки, но немавме време да најдеме замена. Поради тоа нашиот тенисер, Јанис Гажуани Дуран ќе игра во финалето“.

На крајот Јанис победил во мечот со 2:0 во сетови (7:5, 6:2). Инаку, ова не е прв скандал кој Марта го направи оваа сезона. Од почетокот на војната таа прави проблеми кога игра против руски и белоруски тенисерки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…