Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни смета дека Солскјер треба да добие шанса да го води тимот и следната сезона.
Во спротивно, Руни го посочи актуелниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино како идеално решение за клупата на Манчестер Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Солскјер дојде како привремено решени после отказот на Мурињо во декември, и од тогаш запиша девет победи и само едно реми со „црвените ѓаволи“.
„Би било убаво Оле да продолжи со оваа форма и да добие работа за постојано. Ако тоа не се случи и клубот избира друг менаџер, тогаш сметам дека Покетино е вистинскиот човек“, изјави Руни.
33-годишниот Руни во моментов настапува за ДС Јунајтед во американската МЛС лига.
Wayne Rooney: "Pochettino would be the right guy" https://t.co/ZWnJaK5BJu pic.twitter.com/t7A6Rzjv8n
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) February 5, 2019