Јасно е каде ќе заврши, конечно започна да размислува со главата наместо со срцето.
Иако Мурињо после освојувањето на Лигата на Европа, одговори дека Руни му е потребен и дека ќе разговара со него, фудбалерот е свесен дека неговото време истекува.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тој ќе замине од клубот, се претпоставува со оштета, а отстранувањето од репрезентација е јасен знак дека Руни сега ќе размислува за пари, наместо со емоции. Евертон отпаѓа, изгледа дека под притисок од менаџерот Руни ќе се пресели во Кина.
Три клуба се заинтересирани, сумата која ќе ја заработува веројатно ќе биде најголема во историјата, се зборува за околу 50 милиони по година. Нити новите правила во кинескиот фудбал, односно даноците нема да ги спречат клубовите од таа земја да го доведат човекот кој практично е заштитно лице на Премиер лигата повеќе од една деценија.