Дома Фудбал Германија Румениге: УЕФА мора да преземе нешто, следуваат тешки времиња за фудбалот

Румениге: УЕФА мора да преземе нешто, следуваат тешки времиња за фудбалот

Поранешниот извршен директор на Баерн и легенда на клубот Карл Хајнц Румениге ја повика УЕФА да направи јасна регулатива кога се во прашање трансферите и платите на фудбалерите.

Румениге направи анализа на ситуацијата на пазарот и разликите меѓу клубовите, го наведе Кристиано Роналдо како пример. Се верува дека португалскиот напаѓач сака да го напушти Јувентус и да направи трансфер, а Румениге предупредува:

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Најголем проблем е неговата плата. Тој заработува 35 милиони евра годишно за што е потребно да се издвојат 70 милиони евра бруто. Кој може тоа да си го дозволи? ПСЖ? Можеби некој од англиските тимови? Ова е не здрав начин за напредок, УЕФА мора да превземе мерки и да направи нешто“, истакна Румениге.

„Мора да се направи регулација на цената бидејќи трошоците постојано растат, ако не се направи нешто сега, допрва ќе дојдат тешки денови за фудбалот“, порача легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Падна најважниот договор во клубот кој беше хит во Премиер лигата!

Нуно Еспирито Санто го продолжи договорот со Нотингем. Овој стратег имаше извонредна сезон…