Фудбалерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара веќе подолго време се поврзува со заминување од германскиот првак.
На Тиаго следната сезона му истекува договорот со минхенскиот великан, па се поизвесно е дека ова лето ќе го напушти клубот за одредена сума.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Тоа го потврди и Румениге, кој за АС изјави:
„Тиаго сега има 29 години, наскоро ќе има 30. За него во иднина ќе биде се потешко и потешко да пронајде некој добар клуб во Европа. Поради тоа мора да имате разбирање. Играше за врвен клуб во Шпанија, за врвен клуб во Германија и можеби сака да оди и игра за врвен клуб во Англија.“
После овие зборови на Румениге може да се заклучи дека Алкантара за Баерн последните натпревари ќе ги одигра во Лисабон, на завршницата во ЛШ. Неговиот тим во четвртфиналето ќе се сретне со неговиот поранешен тим Барселона.