Дома Топ вести Рудигер преговара со четири клуба

Рудигер преговара со четири клуба

Германскиот дефанзивец, Антонио Рудигер би можел да го напушти Челзи на крајот на оваа сезона.

Рудигер игра одлично во дресот на лондонскиот клуб, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Двете страни се далеку од постигнување на договор, па 28-годишниот дефанзивец во моментов преговара со 4 клуба, пренесува еминентниот новинар Ди Марцио.

„Тешко дека Рудигер ќе остане во Челзи. Тој преговара со Јувентус, Мачестер Сити, Тотенхем и ПСЖ. Сигурен сум дека следната сезона ќе го гледаме во еден од овие клубови“, изјави Ди Марцио.

Во моментов Рудигер заработува 6,5 милиони евра по сезона, а за да остане во Челзи бара 10 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…