Дома Трансфер зона Рудигер преговара со три европски гиганти, наскоро конечна одлука

Рудигер преговара со три европски гиганти, наскоро конечна одлука

Една од најжешките теми на лето ќе биде сигурно иднината на Антонио Рудигер, на кого му завршува договорот со Челзи.

Германскиот дефанзивец има договор со Челзи до крајот на сезоната, а од клубот потврдија дека на лето ќе замине како слободен агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ваквата ситуација предизвика огромен интерес од многу европски гиганти за неговиот потпис. Според последните информации главната битка за неговиот потпис ќе се води помеѓу Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Рудигер бара беделна плата од 115.000 фунти, како и бонус од 20 милиони евра при потпис на договорот.

Трите европски гиганти се спремни да ги исполнат овие финансиски услови и веќе преговараат со неговиот агент.

Англиските медиуми тврдат дека после елиминацијата на Челзи од ЛШ ќе се забрзаат преговорите и Рудигер ќе донесе конечна одлука во наредните недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…