Стоперот Даниеле Ругани би можел да се врати во Серија А.
Ругани во овој момент е на позајмица во Рен, а сега според информациите на италијанските медиуми тој би можел да ја прекине соработката со францускиот клуб и да се врати во Серија А во редовите на Болоња.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како што се наведува работата е скоро завршено и се најавува дека Ругани ќе го засили тимот на Синиша Михајловиќ.
Во Јувентус Ругани нема иднина, Сари минатата сезона му даваше шанса, но откако не ги оправда очекувањата Пирло го отпише.
Ругани некогаш важеше за еден од најпреспективните италијански стопери, па би можел да претставува одлично засилување за Болоња.