Дома Македонски спорт Мак фудбал Рувтубаје: Секој натпревар за Шкупи оваа сезона е како финале

Рувтубаје: Секој натпревар за Шкупи оваа сезона е како финале

Утре од 14:00 часот во рамките од 12. коло во ПМФЛ во натпреварот кој ќе се одигра еден ден порано од останатите ќе се сретнат Шкупи и Брегалница.

Пред овој натпревар за клупскиот сајт на Шкупи натпреварот го најави Абдул Рувтубаје, интернационалецот од Руанда.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Нема што многу да коментирам. Имаме серија од 10 натпревар без пораз и ќе продолжиме и понатаму да го браниме името на нашиот клуб. Јасно е дека се бориме за титулата и во секој натпревар одиме на три бода, иако ги почитуваме нашите противници. Не е тајна дека на секој меч гледаме како да е финале“, изјави Рувтубаје.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…