Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер се наоѓа на врвот на листата на најбогати спортисти на Форбс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вредноста на брендот на Федерер во изминатава година изнесува 37.2 милиони долата, што е за 3,3% повеќе во однос на 2016.
Швајцарецот, кој оваа година освои шест титули на турнејата се напѓа пред ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс (33.4 милиони), Усаин Болт (27), Кристиано Роналдо (21.5) и Фил Микелсон (19.6).
Форбс наведува дека Федерер има неколку одлични спонзорски договори, како оној со „Barilla“, италијанска компанија, која ќе му донесе 40 милиони долари приход. Покрај неа, Федерер има уште 10 повеќегодишни договори, меѓу останатите, со Најк, Ролекс и Мерцедес, кои го носат на врвот на листата на најплатени спортисти во светот.