Челзи заврши разочарувачка сезона во која се пласираше на 12-то место во Премиер лигата.
Томас Тухел, Грахам Потер и Френк Лампард го водеа лондонскиот клуб кој сега го презема Маурицио Покетино. Поранешните фудбалери дадоа свое мислење за ситуацијата во „сините“:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мика Ричардс верува дека Челзи ќе биде многу подобар под водство на Покетино. Тој прогнозира пласман помеѓу најдобрите четири, а фудбалерот Висли Фофана според него би можел да биде клучен.
Но, со него не се сложува Рој Кин кој веднаш му возврати.
„Кој?! Тој беше ужасен, ужасен“, изјави Кин за 22-годишнито фудбалер кој во Челзи пристигна од Лестер летото 2022 година за 80 милиони евра.
Французинот тешко го повреди коленото и запиша само 22 натпревари, тоа го истакна Карагер.
„Тој е констатно повреден“, изјави Карагер.