Во вчерашното дерби против Ливерпул, Манчестер Јунајтед ремизираше 2:2. Гостите имаа предност од 0:1 по првиот дел, Јунајтед со головите на Фернандеш и Меино направи пресврт, додека Салах се погрижи за конечните 2:2.
По натпреварот Ерик Тен Хаг зборуваше оптмистично за неговиот тим, а тоа не му се допадна на Рој Кин кој жестоко го критикуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Веројатно испишил некоја чаша алкохол по натпреварот. Не знам колку бил јак тој алкохол, но веројатно доволно штом видел нешто оптмистично во овој Манчестер Јунајтед.
Тимот игра како за средина на табелата. Не можат да ги стигнат Астон Вила и Тотенхем во борбата за четвртото место. Не можам да го разберам нивниот оптимизам“, изјави Кин