Дома Фудбал Италија „Росонерите“ во еуфорија – пристигна Кака (видео)

„Росонерите“ во еуфорија – пристигна Кака (видео)

Легендарниот Рики Кака денес пристигна во Милано, прво го посети музејот во „Каса Милан“, а потоа замина на средба со раковоството.

Кака најверојатно ќе се врати во својот Милан, но се уште не е јасно во која улога. Тој самиот вели дека не знае дали сака да продолжи да игра фудбал, а навивачите сакаат да го видам на пролет како се простува од фудбалот во дресот на Милан.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Раководството најверојатно ќе му понуди некое директорско место, а самиот Кака не ја отфрли можноста, но вели дека се уште нема донесено конечна одлука.

„Пресреќен сум. Мојата љубов кон овој клуб и навивачите е неверојатна. Вистина е дека постои можност да се вратам во клубот и самото тоа ме возбудува уште повеќе. Разговарав со Фасоне, но се уште не сум донел конечна одлука што сакам да правам. Врската помеѓу Милан и мене е нераскинлива“, изјави Кака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Napаѓачот на Форест се наоѓа во кома по итна операција

Напаѓачот на Нотингем Форест, Авоњи се наоѓа во индуцирана кома и прима интензивна медицин…