Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Роналдо ја спречи Португалија да стигне подалеку на ова Европско првенство“

„Роналдо ја спречи Португалија да стигне подалеку на ова Европско првенство“

Репрезентацијата на Португалија се прости од Европското првенство откако Франција во вчерашниот натпревар беше подобра по подоброто изведување на пенали.

По 90 минути и дополнителните 30 резултатот беше 0:0, додека во пенал серијата Французите беа подобри со 5:3. Единствениот кој не реализираше кај Португалците беше Жоао Феликс.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Кристијано Роналдо првенството го заврши без постигнат гол од игра и со една асистенција, иако имаше 23 удари кон противничкиот гол. Во своето шесто Европско првенство, Роналдо за првпат одигра натпревар во кој не постигна гол.

Новинарот Даниел Риоло кој на социјалните мрежи го следат повеќе од 600.000 луѓе смета дека Роналдо на ова ЕП претставувал проблем за Португалците.

„Ми се допаѓа Португалија, тоа секогаш сум го зборувал. Имаат одлични играчи. Ме чуди што од 2016 година кога го освоија Европското првенство немаат подобри резултати. Разбирам дека Роналдо е легенда, но веќе со години не придонесува многу. Исто беше и сега. Португалија играше со 10 играчи. Пишував и претходно, не ми се допаѓа да го гледам ваков. Тој е легенда морате да го респектирате, но сега ја спречи Португалија да оди подалеку“, објасни Риоло.

Роналдо во Германија со 39 години многу веројатно го одигра своето последно Европско првенство, додека има голема желба да настапи и на Мундијалот за две години.

Дресот на репрезентацијата на Португалија го носеше на 212 натпревари во кои постигна 130 голови и запиша 47 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Тежок удар за италијанскиот гигант: Дибала се здоби со тешка повреда – познато колку ќе паузира

Рома, четвртопласираниот клуб од италијанската лига, ќе остане месец и половина без својот…