Дома Фудбал Италија Роналдо шутирал убедливо најмногу во Серија А, следат Имобиле па Џеко

Роналдо шутирал убедливо најмногу во Серија А, следат Имобиле па Џеко

Во тековната сезона во италијанската Серија А која беше прекината во март поради пандемијата со коронавирусот имаше прилично многу возбудувања.

Јувентус е лидер со бод повеќе од Лацио, а токму играчите на овие два тима шутирале најмногу кон противничките голови. Пред сите се издвојуваат Кристиано Роналдо и Чиро Имобиле.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо испратил дури 130 удари во досегашниот дел од сезоната и постигнал 21 гол, додека Имобиле е втор на листата со 101 удар, Италијанецот е прв стрелец со шест гола повеќе од Роналдо.

На третото место на листата се најде Един Џеко од Рома со 92 шута од кои постигна 12 гола.

Четврото место му припадна на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, 86 удари (11 голови), петти е искусниот Андреа Петања со 81 удар во натпреварите на СПАЛ, постигна исто така 11 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…